Почна фестивалот за процесирање култура ДримОн
Под мотото „На мускули“ синоќа на летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга почна третото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримОн“.
Фестивалот, кој е во организација на Здружението на млади уметници „Иницијатива за независен културен активизам – ИНКА“, става акцент на независната уметничка и културна сцена, новите движења, активизмот и граѓанското делување. Ги обединува добрите и корисни иницијативи кои имаат за цел да го раздвижат и поттикнат културното живеење во Струга.
Ѓорѓи Крстески, претставник од ИНКА на отворањето истакна дека петте фестивалски денови ќе бидат исполнети со разни уметности, почнувајќи од визуелните, фотографии, скулптури, инсталации, музички настапи...
- Фестивалот трета година го организираме „на мускули“, бидејќи сме слаби со финансии. Имаме поддршка од локалната бизнис-заедница, Центарот за култра и од нашиот ентузијазам, истакна Крстески.
Стружани, но и гостите, до недела ќе имаат можност да присуствуваат на дебати, работилници, изложби, проекции на филмови, концерти, дружење и поттикнување на размислувањата и делувањата на полето на уметноста и културата.
На официјалното отворање беше отворена дебата на независните инцијативи „Кула“ од Скопје, „Бош“ од Гевгелија и „ИНКА“ од Струга за новиот бран културни иницијативи, нивната важност и за идните предизвици.
Ликовниот уметник Горан Ристоски, член на ИНКА информира дека колективот „Кула“ ќе ги одржи т.н. реди мејд работилници, чија цел е вмрежување млади луѓе заинтересирани за алтернативните начини на употреба на секојдневните предмети.
- Предвидени се изложби на Горан Дачев и Горан Менков, проекција на кратки филмови на студенти од ФДУ и диџеј сет на Александар Гавровски, работилница на модната дизајнерка Ирина Тошева, промоција на книгата на Ана Јовковска и претстава во режија на Игор Трпче, информира Ристоски.
В сабота ќе почне танц работилница за млади под водство на Сабрина Железник, а ќе има и предавање на Владимир Јанчевски, како и изложби на Дарко Алексовски, Дарко Петрушев и Алма Идризи. Последниот ден е резервиран за видео перформанс на Весна Дунимаглоска и изложба на Давид Василев - Даво.
На сите фестивалски денови ќе се одржи Саем на книга и Базар на уметнички производи.
Ново на Сител
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките