Македонија
14. February 2019 - 14:08

ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР: Познат идентитетот на петмина од загинатите лица

Бесим Камбери, Онур Садику, Јовица Трпевски, Зоран Давидовски и Бобан Аврамовски се петтемина од загинатите во вчерашната ужасна сообраќајка на патот Скопје-Тетово.

Бесим Камбери од гостиварското село Сенокос е жртва од тешката сообраќајка кај Карпалак, чие име е објавено во јавноста.

Деветнаесетгодишниот Онур Садику е еден од загинатите во превртениот автобус на Дурмо Турс, кој вчера излета од патот Скопје-Тетово.

Град Скопје денеска со тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега и пријател Зоран Давидоски, кој трагично го загуби својот живот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе целата држава, велат од Градот.

Меѓу починатите, како што потврди СДСМ за МИА, е и 25-годишниот Јовица Трпевски, син на пратеникот од оваа партија Благојче Трпевски од Гостивар.

Бобан Аврамоски е името на еден од 14 загинати. Бобан е студент на ФОН Универзитетот, на фејсбук групата на Универзитетот објавија сочуство до семјеството.