Македонија
13. September 2024 - 12:42

Почина жена која управувајќи тротинет била удрена од автомобил

Почина жена во Прилеп откако управувајќи електричен тротинет, била удрена од патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки.

Како што соопштија од МВР, на 12 септември во 15.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Трајко Николоски“ во Прилеп, патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(47) од Прилеп, удрило во електричен тротинет, управуван од В.П.(60) од Прилеп.

Во несреќата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница Прилеп, каде што во 17.45 часот починала.

Од МВР потенцираат дека увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.