Свет
26. September 2019 - 13:58

Почина Жак Ширак

Почина поранешниот француски претседател Жак Ширак. Ширак беше роден на 29 ноември 1932 година во Париз.

Беше претседател на Франција во два мандата – од 17 мај 1995 до 16 мај 2002 година и вториот пат, од 17 мај 2002 до 17 мај 2007 година. Претходно беше градоначалник на Париз.