Почина Виталиј Владимирович Робертус, потпретседателот на Лукоил
Потпретседателот на Лукоил Виталиј Владимирович Робертус ненадејно почина на 54-годишна возраст, се наведува во соопштението од компанијата.
Веднаш по завршувањето на студиите, Робертус почнал да работи во Лукоил како економист. „Во текот на повеќе од 30 години работа во Лукоил, тој ја стекна почитта од своите колеги не само во компанијата, туку и во индустријата во целина. Добитник е на државни и ресорни награди за успех во развојот на домашното гориво и енергетскиот комплекс“, се додава во соопштението.
„Украинска правда“ пишува дека ова е четврти висок менаџер на Лукоил кој починал во последните две години. Владимир Некрасов, претседател на Одборот на директори на Лукоил, почина во октомври 2023 година од срцева слабост.
Некрасов застана на чело на Лукоил откако Равил Маганов, неговиот претходник, почина при пад од прозорецот на Централната клиничка болница во Москва во август 2022 година. Александар Суботин, поранешен генерален директор на компанијата, почина во мај 2022 година, а неговото тело беше пронајдено во приватна куќа. Истрагата утврдила дека и Суботин починал од срцева слабост.
Ново на Сител
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение