Почина трикратниот светски шампион Пеле
Почина легендарниот фудбалер, трикратниот светски шампион Пеле, пренесе вечерва „АП“.
Од неодамна поранешниот фудбалер на бразилската репрезентација се наоѓа во болница по влошена здравствена состојба.
Пеле се бореше со прогресивните ефекти на ракот на дебелото црево. Болеста беше откриена кај Пеле минатата есен, по што 82-годишниот Бразилец беше подложен на хемотерапија, но подоцна телото престана да реагира на тоа. Во врска со ова, неговата состојба постепено почна да се влошува, а на 29 ноември беше хоспитализиран.
Едсон Арантес до Насименто Пеле е единствениот фудбалер во историјата кој освоил три Светски првенства (во 1958, 1962, 1970 година). Во текот на кариерата за Бразил одигра 92 натпревари и постигна 77 голови.
Пеле го држеше рекордот по постигнати голови за националниот тим до неодамнешното Светско првенство во Катар, каде Нејмар го повтори достигнувањето.
Во 2000 година, ФИФА ги прогласи Пеле и Диего Марадона за најдобри фудбалери на 20 век.
Ново на Сител
-
За седум дена санкционирани 215 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Италија без Скалвини на ЕВРО2024
-
Казни за 99 возачи на територијата на Прилеп, 39 биле без возачка дозвола
-
Со МО до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерот Јајага
-
СП: Декларација на ДУИ е дефокусирање на граѓаните и градење лажна надеж кај нивното членство
-
Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на СНС на локалните избори
-
Сеул го суспендира воениот договор со Пјонгјанг поради провокациите со балони
-
Анкета во Грција: Нова демократија ќе биде убедлив победник на евроизборите в недела