Почина раперот Кулио
Раперот Артис Леон Ајви Помладиот, попознат по уметничкото име Кулио, почина вчера во домот на свој пријател во Лос Анџелес, САД. Музичарот имаше 59 години.
Веста за неговата смрт ја потврди неговиот менаџер. Причината за смртта сѐ уште не е откриена. Според неофицијални наводи, не постои сомневање за насилство и веројатно се работи за срцев удар. Инаку, раперот се здоби со светска слава по објавувањето на хитот „Gangsta’s Paradise“ во 1995 година, за кој беше награден со „Греми“ за најдобра соло-рап изведба.
На почетокот на оваа година, песната достигна една милијарда прегледи на Јутјуб. Тој има издадено вкупно осум албуми. Кулио уште петпати во кариерата беше номиниран за „Греми“. Има шест деца и бил оженет со Џосефа Салинас од 1996 до 2000 година.
Ново на Сител
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче