-->
-->
Почина Радомир Антиќ
-->
Прославениот српски фудбалски стручњак Радомир Антиќ почина попладнево во 72. година од животот. Тажната вест ја потврди неговиот поранешен клуб, Атлетико Мадрид.
„Атлетико со жалење констатира дека замина нашиот легендарен тренер Радомир Антиќ. Засекогаш ќе биде во нашите срца. Почивај во мир“, стои во веста на клубот од „Ванда Метрополитано“.
Антиќ го предводеше Атлетико до шампионска титула во Примера и беше еден од ретките кои седеа на клупите на Реал Мадрид и на Барселона.
Работеше во голем број на клубови во Шпанија и во Кина, а беше и на кормилото на репрезентација на Србија која ја одведе на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска