-->
-->
Почина проф. д-р Димитар Бајалџиев
-->
– На 78 години вчера почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје, на Катедрата за воведни и теоретски правни науки.
– Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и особено ценет пријател, објави Правниот факултет на Фејсбук.
Проф. д-р Димитар Бајалџиев (1944-2022) беше и министер за образование и наука од септември 1992 до декември 1994 година, поранешен декан на Правниот факултет и член на Деканатската управа.
Погребот ќе биде извршен утре на Градските гробишта во Бутел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот