Свет
7. јуни 2020 - 10:19

Почина поранешниот лидер на палестински Исламски џихад, Рамадан Шалах

Шалах (62), од 1995 до 2018 година беше генерален секретар на оваа милитантна група, што е поддржана од Иран.

Телевизијата  Ал-Манар не кажа од што боледувал.

Исламски џихад постојано извршува напади врз Израел и сака да формира исламска палестинска држава.

САД, Европската унија и други држави Исламски џихад го прогласија за терористичка организација.