Македонија
27. January 2018 - 21:17

Почина поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Во 79-та година од животот, денеска рано изутрина во Кичево почина поранешниот пратеник во Собранието на РМ Сали Рамадани.

Погребан е на градските муслимански гробишта во Кичево.

Рамадани беше активен на македонската политичка сцена во средината на деведеесеттите години, првично како член на ПДП па потоа од редовите ПДПА од каде стана пратеник на ова партија.

Потекнува од кичевското село Грешница.