Почина полицаецот кој беше тешко повреден во инциденти со хулигани во Атина
Грчкиот полицаец, кој пред 20 дена беше сериозно повреден во инцидентите пред спортска сала во Атина за време на одбојкарскиот натпревар Панатинаикос-Олимпијакос, денеска им подлегна на тешките повредите, јави дописничката на МИА од Атина.
Полицаецот беше хоспитализиран во критична состојба, откако на 7 декември беше погоден во горниот дел од ногата со пиротехничко средство, кое се запалило, а претпладнево ја загуби битката.
За инцидентите беа приведени 424 лица, уапсен беше 18-годишен кој го фрлил пиротехничкото средство, а по сериозната повреда на полицаецот, грчката Влада воведе вонредни мерки за справување со спортското насилство, меѓу кои и одигрување без публика на сите фудбалски натпревари од првата лига до средината на февруари.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи денеска изрази жалење и сочувство за смртта на полицаецот и порача дека „казнувањето на убијците и искоренувањето на насилството сега веќе се прашање на чест за државата и општеството“.
Ново на Сител
-
Собраниска делегација на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
-
На вчерашните протести во Солун и Атина приведени вкупно 35 лица
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателот на Собранието на Црна Гора
-
Македонска вечер во Хамбург од хуманитарен карактер за изградба на нова црква
-
Во Филаделфија возач на автомобил влета во толпа навивачи и повреди тројца пешаци
-
Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ
-
Грешка на кујнскиот персонал го предизвкал пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот ски-центар во Бол
-
Фон Дер Лајен: Никогаш нема да го заборавиме Аушвиц