Почина новинарот и публицист Теофил Панчиќ
Новинарот, писател и публицист Теофил Панчиќ, еден од најценетите автори во регионот, почина во Нови Сад на 60-годишна возраст, објави денеска редакцијата на неделникот Време, во кој Панчиќ беше литературен критичар, колумнист и уредник на културната рубрика.
Заминувањето на Теофил Панчиќ му пркоси на мотото дека нема незаменливи луѓе.
Со неговата смрт, Време останува без единствениот феномен на широка ерудиција, уникатен карактер, непогрешливо чувство за праведност и автор со неповторлив стил, се наведува во соопштението.
Панчиќ се издвојуваше по „по остриот стил и критичките осврти за општествените и политичките состојби во Србија и регионот“, а во текот на својата кариера пишуваше за бројни медиуми и објави неколку книги, оставајќи значаен белег во новинарството.
Тој е роден на 6 јули 1965 година во Скопје, раното детство го поминал во Пирот, а подоцна се преселил во Загреб.
Од 1999 година работи како политички коментатор во Радио Слободна Европа, а од 1993 година е редовен колумнист во Време.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по осми пат ќе биде домаќин на Фестивалот ‘Златни денови’
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители