-->
-->
Почина легендарниот пилот на Формула-1, Стирлинг Мос
-->
Сер Стирлинг Мос, човекот кој беше сметан за најдобриот Формула 1 возач кој никогаш не освои светска титула, почина на 90 години, откри неговата сопруга.
Мос беше болен подолго време, и неговата сопруга откри дека тој починал мирно во својот кревет во домот во Мејфер утрото на Велигден.
„Тој почина како што живееше, изгледајќи прекрасно. На крајот едноставно беше уморен и ги затвори своите убави очи и тоа беше тоа“, изјави неговата сопруга.
Славата на Мос беше созадена во деновите по Втората светска војна, воодушевувајќи со својот стил и со своите способности, победувајќи во 212 од 529 трки во најразлични серии. Тој „неславно“ не стана светски шампион, најмногу поради тоа што преферираше да вози британски болиди и беше жртва на некои неспортски потези на ривалите. Од 1995 до 1961 година, тој четири пати беше на второто место во генерален пласман и трипати беше третопласиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ