-->
-->
Почина глумецот Дин Стоквел
-->
– Дин Стоквел, познат по улогата во научно-фантастичната серија „Квантен скок“ (Quantum Leap), почина на 85-годишна возраст. Холивудскиот глумец, кој имаше кариера долга 70 години, починал во неделата рано наутро во својот дом.
Неговиот гласноговорник рече дека тој починал од природна смрт.
Дин глумеше во 97 епизоди од телевизиската серија „Квантен скок“, од 1989 до 1993 година. Таа серија му донесе повеќе номинации за „Еми“, а во 1990. доби „Златен глобус“ за најдобра споредна машка улога.
Тој ја започна својата кариера како дете во 1940-тите, глумејќи во филмови како „Anchors Aweigh“ и „Gentleman’s Agreement“. Беше номиниран и за „Оскар“ за најдобра споредна машка улога во филмот „Омажена за мафијата“ (Married to the Mob) од 1988 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување
-
Грузиската опозиција не ги прифаќа изборните резултати, најави улични протести
-
Владејачката партија во Грузија прогласи победа на парламентарните избори
-
Предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
Состојба на патишта
-
Денес сончево време со мала облачност и температура до 25 степени
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување