Почина гитаристот Еди ван Хелен
Еди ван Хелен, еден од најпознатите рок-гитаристи и основач на рок-групата „Ван Хелен“ именувана по него и неговиот брат тапанар, почина денеска од рак. Тажната вест ја објави неговиот син Волфганг на Твитер.
„Не ми се верува дека морам да го напишам ова, но татко ми Едвард Лодевијк ван Хален ја загуби долгата и тешка битка со ракот утрово“, напиша Волфганг, инаку бас-гитарист во групата.
Холандско-америкаскиот музичар имаше 65 години. Роден е во Амстердам, на 26 јануари 1955 година. Еди и неговиот брат Алек ја основаа групата „Ван Хелен“ на почетокот на 1970-тите во Лос Анџелес, САД, каде што се здобија со култен статус дури и пред да го издадат својот прв албум во 1978 година.
Албумот беше 19-ти на Билборд топ-листата, што го прави едно од најуспешните дебија во таа деценија.
На Еди лани му беше дијагностициран рак на грлото.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата