Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
Денеска почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер, поранешен редовен рофесор на Медицинскиот факултет во Скопје, продекан и шеф на Катедрата за гинекологија и акушерство.
Проф. д-р Јован Јуруковски Долги години беше и директор на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, каде што неговите напори доведоа до воведување на современи медицински стандарди и критериуми. Со својата стручност и визија, тој ги постави темелите за развојот на оваа гранка на медицината во Македонија.
Проф. д-р Јуруковски беше автор на многу статии од неговата област, како на домашно така и на интернационално ниво, вклучувајќи и истражувања објавени во Оксфорд, Англија, каде што го поминал дел од своето школување и добил понуда за професорска позиција.
Покрај неговата академска и клиничка кариера, тој беше основач на приватна здравствена установа за гинеколошки и акушерски услуги „Јуруковски“.
Неговата посветеност на медицината и образованието го постави како еден од водечките стручњаци во оваа област.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд