Почина Фофи Генимата, претседателката на грчката партија Движење на промена
– Претседателката на централно левичарската грчка партија Движење на промена (КИНАЛ) Фофи Генимата, денеска ја загуби долгогодишната битка со ракот и почина на 57- годишна возраст, јави дописничката на МИА од Атина.
Генимата пред две седмици беше хоспитализирана во атинска болница, каде што се лекуваше, а доцна синоќа драстично и се влошила здравствената состојба и и покрај напорите на лекарите, како што соопштија од болницата, во 12.04 часот, починала.
Во 2008 година на Генимата ѝ беше дијагностициран рак на дојка и успешно се избори со болеста, а здравствени проблеми поради кои беше хоспитализирана, се должеа на повторување на нејзината основна болест.
Претседателката на КИНАЛ, поранешно ПАСОК, преку „Фејсбук“, пред две седмици соопшти дека, поради хоспитализацијата, се повлекува од изборниот процес во партијата закажан за 5 декември за избор на нов лидер.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика