-->
-->
Почина бебе во Неготино
-->
Бебе на возраст од неколку недели починало во неготинско Пепелиште.
Како што дознава „Фокус“, мајката на бебето утрово повикала итна медицинска помош во нивниот дом, каде била констатирана смртта на новороденчето и била повикана полиција од страна на медицинскиот тим.
Од СВР Велес го потврдија настанот, но не откриваат повеќе детали.
Сличен случај со починато бебе во Неготино беше регистриран пред три месеци. Тогаш, како што соопштија од СВР Велес, бебе на возраст од околу пет месеци без знаци на живот било донесено во Итната медицинска служба во неготинската болница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Мечка со две мали мечиња се фатени на камера на пат во Маврово
-
Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано
-
Судир помеѓу Автомобил и мопед во Скопје, едно лице со тешки повреди
-
Голема полициска акција на подрачјето на Скопје за сузбивање на улично дилерство на дрога
-
ВМРО-ДПМНЕ: 15-ти ден хирургија не функционира
-
Таксист добил срцев удар додека превезувал патник откако му се слошило удрил во дрво
-
Германија го олесни влезот на работници од земји вон ЕУ, двојно зголемен бројот од Западен Балкан