Почина Атина Апостолова, погребот ќе биде извршен во сабота 09.03.2024
Веста за нејзината смрт ја објави пејачката Вики Среброва, како и сестрата на Апостолова.
Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Таа е македонска пејачка на народна музика. Позната е по песните Запејте мераклии, Цела вечер ќе ти пејам, Верувај ми, Усни румени, Те видов, и се заљубив, Иле Илија и многу други.
Таа имала турнеји во Австралија, Канада и Америка. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски.
Имала одлична соработка со: Ванчо Тарабунов, Ефто Пупиновски и Милан Завков. Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со: Ванчо Тарабунов (Верувај ми) и Ефто Пупиновски (Скопските боеми).
Во 2023 година на Фестивалот “Тумба Фест” Куманово ја добива наградата за животно дело.
Погребот на доајенот на македонската народна песна, Атина Апостолова, ќе биде извршен во сабота, 09.03.2024 на гробиштата Бутел во Скопје. За сите оние кои ќе сакаат да оддат почит на починатата, погребалниот обред ќе биде одржан од 11 до 12 часот во капелата Бутел во Скопје.
Ново на Сител
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави
-
Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија
-
Русија тврди дека соборила 13 украински дронови
-
Велика Британија ја презеде контролата врз фабриката за челик „Бритиш Стил“
-
Обвинителството и МВР ќе информираат за проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“