Почина 27-годишниот фудбалер на Национал кој минатата недела колабираше на терен
Уругвајскиот фудбалер Хуан Искиердо (27) почина во болница откако минатата недела се сруши на теренот.
Одбранбениот играч на уругвајскиот Насионал колабираше за време на натпреварот од Копа Либертадорес против Сао Паоло во Бразил.
Искиердо падна во бессознание во 84. минута, а откако лекарите му пружија прва помош на теренот, веднаш беше пренесен во локалната болница, каде објавија дека причина ила срцева аритмија.
Поради трагичниот настан, сите натпревари беа одложени.
„Со голема тага и шок во нашите срца објавуваме дека нашиот сакан играч Хуан Искиердо почина. На неговото семејство, пријателите, колегите и најблиските им изразуваме најискрено сочувство. Жалиме за оваа ненадоместлива загуба“, стои во соопштението на Насионал.
Уругвајската фудбалска федерација, поради овој трагичен настан, ги одложи сите натпревари изминатиот викенд. Искиердо играше за пет уругвајски клубови, Серо, Пенарол, Вондерерс, Ливерпул и за Насионал. Исто така настапуваше и за мексиканскиот Сан Луис.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот