По состанокот на поддржувачите на Таравари во Куманово, денеска во Скопје состанок на поддржувачите на Села
По состанокот на Алијанса за Албанците во Куманово на кој присуствуваше претседателот на партијата, Арбен Таравари и на кој со декларација беше потврдена коалицијата со албанскиот опозициски блок, за денеска во Скопје е закажан состанок свикан од претседателот на Централното собрание на партијата Зијадин Села.
Во поканата за денешниот состанок, како прва точка на дневен ред е извештајот на претседателот на партијата околу политичките случувања во врска со наредните претседателски и парламентарни избори, а втората точка е разгледување на одлуката на Претседателството на партијата од 21 октомври минатата година, околу настапот на партијата на парламентарните избори.
Села вчера во изјава за медиумите рече дека на состанокот е поканет и Таравари, а негово е дали ќе дојде или не.
-Го имам покането, како и секој друг член на Централното Собрание со јавна покана. Негова работа е дали ќе дојде или не. Местото му е да дојде таму, рече Села.
Од крилото на Села, собирот во Куманово го оценуваат како нелегитимен потенцирајќи дека на состанокот имало помалку од 40 членови, а не 75 како што било кажано.
- Тој настан не беше Собрание, зашто се знае врз основа на Статутот, дека може да го свика претседателот на Собранието на партијата и има рок од седум дена. Легално Собрание на Алијансата за Албанците ќе биде тоа свикано за в сабота во 13 часот во Скопје. Тоа е легално и процедурално врз основа на Статутот и правните процедури, рече вчера пратеникот Аднан Незири.
Од крилото на Таравари вчера во изјава за медиумите најавија дека нема да присуствуваат на денешниот состанок.
Пратеникот Халил Снопче, кој го поддржува претседателот на партијата, рече дека ниту Таравари, ниту членовите на Центраното собрание кои застанале зад партискиот претседател, нема да присуствуваат на Централното собрание закажано од Зијадин Села.
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“