Македонија
14. September 2023 - 17:14

По сообраќајка, две лица физички нападнале и му се заканувале на скопјанец

На 13.09.2023 во 16.00 часот во СВР Скопје, К.А.(47) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од М.А.(56) од с.Арачиново, кој бил со Н.А., по што му се заканиле со тврди предмети.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.