По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
По смртта на папата Фрањо, Римокатоличката црква влегува во период на седисваканција, што го означува периодот во кој папската фотелја е празна. Терминот доаѓа од латинскиот израз „sede vacante“, т.е. „празна столица“ и се однесува на времето во кое Црквата е управувана од Кардиналскиот совет, додека не се избере нов папа.
За време на седисваканцијата, папските овластувања не се префрлаат на никого, а кардиналите имаат многу ограничени административни одговорности кои се регулирани со апостолскиот устав „Universi Dominici Gregis“ на папата Јован Павле Втори.
Во овој преоден период, мандатот на повеќето официјални претставници на Ватикан завршува, освен на три клучни позиции.
Кардиналот камерленго, кој моментално е ирскиот кардинал Кевин Фарел, викарот на Рим – италијанскиот кардинал Балдасаре Реина и Големиот пенитенцијар – италијанскиот кардинал Анџело Де Донатис, продолжуваат со своите функции, а Кардиналскиот совет го презема управувањето со Црквата, обезбедувајќи ги секојдневните административни работи и подготовките за конклавата.
Изборот на нов папа, познат како конклава, започнува откако папската фотелја е празна, или поради смрт или, како во случајот со Бенедикт Шеснаесетти, оставка.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл
-
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути
-
Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси