-->
-->
По поразот од Австрија, Милевски ќе прави ремонт во младинската селекција
-->
По убедливиот пораз од Австрија (0:4) инаку трет во новиот циклус на квалификации, селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски најави комплетна реконструкција на националниот
„По пораз од 0:4 тешко е било што да се каже. Австрија беше подобра, но три од четирите погодоци ги дадоа по наши грешки. За следниот меч оваа селекција ќе има сосема нов лик. За некои играчи ова беше последно предупредување. За жал се враќаме назад, каде што бевме пред 3-4 години и на средина од циклусот ќе подготвуваме нова репрезентација за следните квалификации. Очигледно е дека дел од овие играчи не можат да е носат со притисокот што го носат вакви дуели“, изјави Милевски на прес-конференцијата по мечот.
По овој пораз Македонија останува последна во 7-мата квалификациска група со само 3 бодови освоени со победата во првото коло против Ерменија.
Лидер во групата е Србија со максимален учинок и пет победи по пет кола, а втора е Русија со 10 бода, селекција која ќе биде следниот противник на црвено-жолтите во март (23) следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис