По пет години оформена фудбалска школа за деца од населените места во Општина Јегуновце
По пет години прекин летово започна да функционира Фудбалска академија Јегуновце, фудбалска школа за деца од десетината населени места во Општина Јегуновце.
Тие тренираат на игралиштето во Јегуновце, поранешен фудбалски дом на ФК Југохром.
Огромен е интересот за тренирање на фудбал кај децата од населените места во општината и затоа ја започнавме оваа академија. Почнавме со тренинзи од почетокот на јуни и достигнавме бројка од 64 деца. Интересот и понатаму е голем и очекуваме да се зголеми бројот на деца. Во јули правиме летна пауза, па од 15 август ќе се продолжи со тренинзи. Од септември ќе се натпреваруваме и во Детската лига на ФФМ, како и во Регионалната лига со деца родени 2009/2010, изјави тренерот Мишо Маринковски.
Идејата за развивање на млади фудбалери е помогната и од Општина Јегуновце, како и од дијаспоратата.
Општината ни пружа голема помош и ќе има голема заслуга за развој на млади фудбалери од нашиот крај. Со нивна помош оспособен е теренот на игралиштето во Јегуновце, а тие обезбедуваат и комби превоз за децата кои од десетина села доаѓаат во Јегуновце за тренинг. За опремата ни помогнаа иселениците од нашиот крај со чија помош се обезбедија топки, дресови слично, изјави Маринковски.
Тренерот Маринковски е поранешен фудбалер на „Тетекс“ и „Вардар“.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија