По обидот за атентат најверојатно ќе се зголеми рејтингот на Трамп
Инвестициските аналитичарите истакнуваат дека обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе влијае врз неговиот рејтинг и ги зголемува шансите тој повторно да биде избран на 5 ноември.
– Пред пукањето, берзите реагираа на изгледите за реизбор на Трамп со зајакнување на доларот, а тој тренд би можел да продолжи и во наредната недела, изјави претставник на сингапурската фирма „Истспринг инвестментс“ (Eastspring Investments), Ронг Рен-гох.
Додека главниот инвестициски директор на „Вантич поинт асет менаџмент“ (Vantage Point Asset Management), Ник Ферес направи паралела со обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Роналд Реган и порастот на неговиот рејтинг.
– Како што се сеќаваме, популарноста на Реган порасна за 22 процентни поени во анкетите по обидот за атентат. Изборите веројатно ќе бидат убедлива победа (за Трамп). Тоа потенцијално ја намалува неизвесноста, посочи Ферес.
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски