По хаосот во Парламентот Рама оцени дека опозицијата го допреа дното, Барди му возврати дека е кукавица
Албанскиот премиерот Еди Рама преку објава на социјалната мрежа Х реагираше по хаосот создаден денеска во законодавниот дом, оценувајќи дека „опозицијата го допрела дното“, поддржувајќи го поранешниот премиер Сали Бериша „лице барано од правдата“.
-Во политиката го внесоа вокабуларот и уличните манири фрлајќи ја политиката во средина на четирите патишта, сеејќи хаос, насилство и жнеење загуба, загуба, загуба … Тие веќе стигнаа до крајот, преземајќи ги маките на едно лице (Сали Бериша) барано од правдата, кој нема да ги ослободи додека не се распарчат и не излезат на парчиња над водата, како остатоци од потонат брод, пишува Рама.
Веднаш по објавата на Рама, реагираше Газмент Барди, кој ја предводи групата, од 45 демократски пратеници, приврзаници на Бериша, нарекувајќи го „кукавица фатен на дело, кој внесе 65 чувари во салата за да го заштитат“, бидејќи според него, се плашел од опозицијата.
-Еди Рама внесе во политиката и во парламентот претставници на организираниот криминал, шверцери, убијци и крадци, со што Албанија стана единствената земја во Европа на која и требаше усвојување на закон за декриминализација на политиката. Денеска како кукавица фатен на дело со коруптивни афери вредни милиони евра, кои секојдневно ги истражува и суди правдата, внесе 65 редари во собраниската сала, за да го заштитат додека тој го одобруваше буџетот со кој се финансираат само коруптивни ЈПП и проекти кои вбризгуваат повеќе пари за тендери кои се контролирани од организиран криминал, напиша Барди.
Денешната пленарна седница на чиј дневен ред беше Нацрт-буџетот за идната година, траеше само пет минути поради хаосот што го направија опозициските пратениците, но сепак истиот беше усвоен.
Ново на Сител
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија