По двегодишно преговарање ќе биде потпишан Гранскиот колективен договор за администрацијата
Гранскиот колективен договор за државната администрација ќе биде потпишан денеска во Владата. Договорот е официјализиран по двегодишни преговори меѓу двата социјални партнери – Министерството за информатичко општество и администрација и Синдикатот на УПОЗ. Повеќе детали за колективниот договор се очекуваат по потпишувањето.
– На големо задоволство можеме да соопштиме дека трудот и упорноста се исплатеа и в четврток, 6.2.2020 година, ќе биде потпишан Гранскиот колективен договор. Повеќе информации за колективниот договор ќе следуваат по неговото потпишување, пишува на официјалната страница на Синдикатот на УПОЗ на Фејсбук.
Владата во вторникот го утврди текстот на Колективниот договор и го овласти министерот за информатичко општество да го потпише договорот со синдикатот на УПОЗ.
Ова е прв Грански колективен договор по оној од 1995 година и во него е предвидена исплата на К-15, а администрацијата се стекнува и со дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања, право на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права.
Министерката за финансии Нина Ангеловска вчера изјави дека ќе бидат опфатени 20.000 вработени, а фискалните ефекти ќе бидат околу 200.000 милиони денари.
– Уставно, фер и недискриминирачки е сите вработени во нашата земја да го имаат ова право, бидејќи во приватниот сектор веќе се исплаќа, рече Ангеловска.
За министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, колективниот договор е резултат на двегодишно преговарање.
– Регресот на годишен одмор или К-15 како што сите знаете е обврска според нашите закони за сите вработени во приватниот сектор. Дополнително како антикризни мерки од 2011 година, вработените во јавната администрација што одат на службено патување тука во државата немаат право на никаков надоместок. Затоа решивме … дел од овие работи да ги вратиме, изјави вчера Манчевски.
И за вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска нема ништо спорно во тоа што двата социјални партнери се согласиле да се исплаќа К-15.
– Она што државата го направила при преговарањето на претходните структури на синдикатите и претходната влада е губење на повеќе од правата и во реалниот и во јавниот сектор. Сметам дека ако социјалните партнери МИОА и Синдикатот на УПОЗ утврдиле дека ова е прашање што ѝ е потребно на одредена група работници, тогаш тоа е прашање што го надминале. Ако двете страни се согласат дека нешто е важно, тогаш кој е тој однадвор кој ќе каже дали е тоа важно или неважно, рече Царовска.
Ново на Сител
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична