По 45-ти пат во Охридското Езеро утре ќе се плива традиционалниот Илинденски пливачки маратон
Повеќе од 60 пливачи од земјава и од странство ќе учествуваат на годинашниот Илинденски пливачки маратон што по 45-ти пат утре ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
Пливачите на маратонот во должина од 2,5 километри ќе бидат поделени во две категории и тоа од 8 до 15 години и оние постари од 16 години, со старт од кај плажата Горица 1 во 10:30 за помладите и 11:30 часот за постарите пливачи.
Целта ќе биде на Кејот на Охридското Езеро кај Градското пристаниште во Охрид, а пристигнувањето на пливачите се очекува да биде околу половина час по стартот.
Маратонот се одржува во организација на Клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ под покровителство на Советот на Општина Охрид.
Инаку, Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград
-
Владата ги одобри 250-те милиони евра за бизнис секторот, на потег банките и компаниите
-
Безживотно тело извлечено од Вардар