Свет
1. March 2022 - 14:34

По 207 години неутралност, и Швајцарија со санкции против Русија

Швајцарија одлучи да се откаже од својата неутралност, која внимателно ја одржуваше како политичка позиција од 1815 година, дури и за време на Втората светска војна, пишува хрватскиот портал Јутарњи.хр.

Федералниот совет на денешната седница донесе одлука Швајцарија да воведе исти санкции против Русија како и Европска Унија.

Одлуката за санкции е невообичаена за традиционално неутралната земја, но не и неочекуван.

Швајцарскиот претседател Игнацио Касис вчера изјави дека неговата Влада размислува за замрзнување на руските средства во земјата како одговор на инвазијата на Москва врз Украина.