Македонија
12. јуни 2024 - 9:58

По 15 години балкански рис на Илинска-Плакенска планина | ФОТО

Македонско еколошко друштво јавува дека по 15 години, конечно успеале да потврдат балкански рис на Илинска-Плакенска Планина.

„По 15 години работа на Илинска-Плакенска Планина, конечно успеавме да потврдиме балкански рис. Со ова се докажува значењето на овој биокоридор кој ги поврзува заштитените подрачја во Западна Македонија.

Сесијата на фото-замки се оствари со помош на соработката со планинарското друштво „Бигла“ од Демир Хисар“, велат од таму.