По 11 минутно рочиште, судењето за Вања и Панче одложено за 20 септември
Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, кои се товарат дека ги извршиле убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, седнаа на обвинителна клупа во Кривичниот суд. Освен нив, спроведен од куќен притвор е и таткото на убиеното девојче, Александар Ѓорчевски. Наместо судење, имаше спојување на предметите. Па така, на сите поврзани со двата кривично правни настани ќе им се суди заедно, наместо одделно како што беа поднесени обвиненијата.
Рочиштето траеше 11 минути – судијата ги прочита имињата на присутните и кажа дека се прифаќа барањето на Обвинителството за спојување на предметите и одреди датум за ново судење.
Евидентно е дека сите обвинети имаат адвокати, со кои ќе се бранат во постапката. Првообвинениот, Љупчо Палевски-Палчо за кого Обвинителството вели дека е планерот и реализаторот на убиствата, не е спроведен од затворот „Скопје“ во Шутка.
За првпат, во судницата, лице в лице се сретнаа ликвидаторите и таткото на убиената Вања, кој е обвинет во постапката дека дал информации за траекторијата на неговото движење. Адвокатот Владимир Туфегџиќ во неколку наврати укажа дека ќе го докаже спротивното во текот на постапката.
Следното рочиште е закажано за 20-ти септември.
Ново на Сител
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија