По 100 години, волците се вратија во Белгија
Истражувач од Фламанскиот институт за истражување на природата и шумите (ИНБО) во источната белгиска провинција Лимбург пронашол отпечатоци од шепи од волк, коишто не се видени во Белгија изминативе 100 години.
Отпечатокот од предна шепа, лесно втиснат во калта, веројатно е стар само неколку дена. Според наводите, првпат по цел век, волци (иако веројатно во мал број) почнале да се населуваат во Белгија. Волците некогаш биле наголемо ловени во Европа. А, според локалните преданија, последниот волк во Белгија бил застрелан од кралот Леополд II во 1890-тите.
Официјалните проценки за Европа од септември 2022 година велат дека „по силен пад во првата половина на 20. век, најдобрите достапни податоци сега посочуваат дека вкупниот број на волци во 27-те земји-членки на ЕУ веројатно е околу 19.000“, пренесе порталот „Кликс“.
Проценките се различни, но денес се смета дека има околу 15 – 20 волци во Белгија, т.е. една глутница во Фландрија и една во јужна Валонија. Но, повторното оживување на ова животно, секако не е едноставен чин на природата.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик