-->
-->
Пливачот Поп Ацев на прием во АМС
-->
Победникот на Охридскиот маратон и најдобар македонски пливач на долги патеки Евгениј Поп Ацев беше гостин во куќата на спортот. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески најпрвин му го честита големиот успех во Охрид, како и моментално најдобриот успех во македонското маратонско пливање - првото место на Гран-при серијата на маратони.
После двете втори места во изминатите две години, Поп Ацев конечно се искачи на врвот на листата во генерален пласман и со тоа направи историски успех за македонското маратонско пливање. Истовремено, тој учествува и на Светскиот куп во маратонско пливање, натпреварување со поголем квалитет и многу поголема масовност, на кој се плива во Олимписката дисциплина на 10 км. и моментално е на 20-то место во генералниот пласман. Од следните две трки, кои се најавени за октомври и кои се одржуваат во Кина се очекува Евгениј да го подобри својот пласман и да се обиде да се искачи до 6-то место.
Директорот на АМС му посака да го оствари зацртаниот успех со што би остварил и право на стипендија од меѓународен карактер, која Агенцијата за млади и спорт ја доделува за остварен резулатат од овој ранг. Се очекува негов добар настап и на натпреварот во Сетубал, Португалија, следната година на кој се обезбедува норма за настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Сите љубители на маратонското пливање ќе имаат можност да се сретнат со Евгениј Поп Ацев уште утре на маратонот во Дојран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мајката на едно од убиените деца во „Рибникар“: Момчето-убиец имаше безизразно лице, како возрасните не го забележаа тоа?
-
Малолетник нападнат на автобуска постојка на Бит Пазар
-
Кривична пријава против едно лице за предизвикување опасност за животот и здравјето на луѓето
-
Продолжуваат градежните работи на новиот парк во Карпош
-
Кремљ: Путин е отворен за дијалог со Шолц
-
Арсовска од Брисел: Локалната власт се соочува со политичко мешање
-
Рама: Мигрантите нема да смеат да излезат од кампот во Ѓадр
-
Фетаи: Замрзнувањето на балансерот нема да спречи нови вработувања