Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
Техничкиот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ синоќа изјави дека во тек се прелиминарни разговори со десничарското „Татковинско движење“ за формирање парламентарно мнозинство и рече дека тој ќе формира нова влада, а не опозицијата предводена од Социјалдемократската партија (СДП).
Тој оцени дека СДП е губитник на изборите, а нивниот кандидат за премиер, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е прекршител на уставот.
– Им гарантирам дека нема да стигнат до 76 пратеници (парламентарно мнозинство), изјави Пленковиќ по состанокот на раководството на партијата во Загреб.
Тој повтори дека во тек се прелиминарни разговори со Татковинското движење (ДП) и дека веќе разговарале со пратениците на националните малцинства, со кои ХДЗ и досега соработувала во владата.
На прашање за соработка со ДП, партија која пред парламентарните избори остро ја критикуваше ХДЗ, Пленковиќ одговори дека „пред избори е едно, а по избори друго“.
Коментирајќи го ставот на ДП дека нема да коалицира со СДСС, партијата која освои три пратенички места резервирани за српското национално малцинство, тој одговори дека ХДЗ и ДП се само во фаза на прелиминарни разговори.
– Што се однесува до нас, ќе ја продолжиме соработката со сите малцински пратеници и кога точно ќе го дефинираме ставот, ќе најдеме решение функционалноста на мнозинството и грижата за малцинствата да биде таква што сите ќе бидат задоволни, одговори Пленковиќ, јави телевизијата Н1.
Тој рече и дека „од инает ќе формира 76 (мнозинство)“. По повод изборите за Европскиот парламент во јуни, Пленковиќ изјави дека ХДЗ денеска ќе ја достави својата листа и оти тој ќе биде носител.
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи