Пленковиќ: Политиката на ХДЗ нема да биде безобзирна кон другите народи
Лидерот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека политиката на неговата партија, по изборите, нема да биде безобзирна кон другите народи, туку одговорна и рационална.
-Мојата политика е одговорна, ќе биде стабилна, рационална и нема да биде безобзирна кон другите народи, рече Пленковиќ во Чаковец.
„Таа ќе биде насочена кон тоа Република Хрвстска да ги реши сите прашања од времето на големосрспската агресија врз нашата територија, и токму затоа Владата на ХДЗ, за разлика од онаа на Кукурику коалицијата, се залагаше за јасни критериуми во Поглавјето 23“.
Пленковиќ порача дека ХДЗ ќе спроведува одговорна и јасна политика.
Запрашан за случајот со апсењето на хрватскиот шпион Чедо Чоловиќ, Пленковиќ изјави дека „ ХДЗ е партија која јасно води политика на заштита на хрватските државјани и бранители, а целата приказна од последните неколку дена е исфабрикувана и пуштена во медиумите за дополнително да се креира атмосфера на кревање тензии“.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг