Платформа за родова еднаквост бара балансираност на кандидатските листи
Платформата за родова еднаквост преку отворено писмо до политичките партии ги повикува подносителите на листите на кандидати за локалните избори да се заложат за родова балансираност на кандидатските листи.
- Само ако се овозможи еднаква застапеност меѓу кандидатите ќе може да се очекува намалување на родовиот јаз во бројот на избрани градоначалници и градоначалнички, а со тоа и во репрезентативноста, се наведува во писмото од Платформата во која членуваат 22 невладини организации.
Членките на платформата бараат од политичките партии родова балансираност на кандидатските листи на локалните избори и сите следни избори, како клучен предуслов за поголема застапеност на жени на политичките функции, а со тоа и во рамноправното застапување на интересите на сите граѓани во земјата.
- Имајќи ги предвид различните програмски определби на политичките партии изложени на последните парламентарни избори, родова балансираност особено очекуваме од политичките партии кои декларативно се заложија за унапредување на родовата еднаквост во Република Македонија и многу пати во јавноста ја потенцираа(т) посветеноста и заложбата кон системско подобрување на состојбата со родовата нееднаквост во сите сегменти на општествениот живот, се наведува во писмото.
Членките на платформата истакнуваат дека родовата рамноправност е фундаментално право, но нееднаквата застапеност е реалност која се повторува во Македонија. Посочуваат дека во 1996 и 2009 година ниту една жена не била избрана за градоначалничка, а на последните локални избори во 2013 година биле избрани 19 пати повеќе градоначалници отколку градоначалнички (избрани 76 мажи наспроти четири жени).
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари