Планот 3-6-9 претставен пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи, деенска во просториите на Делегацијата на Европската Унија го презентира Планот 3-6-9 пред евроамбасадорот Самуел Жбогар и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП).
- Во овој План се опфатени реформите кои Владата ќе ги спроведува во претстојниот период од 3 месеци односно до одржувањето на локалните избори, а во меѓувреме паралелно се работи и на допрецизирање на мерките кои треба да се реализираат во наредните 6 и 9 месеци, рече Османи. Истакна дека Владата се залага за обезбедување транспарентност и инклузивност, вклучително и со вклучување на опозицијата.
Вицепремиерот Османи ја нагласи посветеноста на Владата на спроведувањето на овие реформи и важноста да се искористи позитивната клима, но изрази и очекување дека, во согласност со успешноста при реализацијата на преземените обврски, земјите-членки на Унијата ќе преземат конкретни чекори во насока на забрзување на евроинтегративните процеси на Република Македонија, вклучително и чиста препорака за почеток на преговорите.
Планот 3-6-9 прв пат беше презентиран пред јавноста минатата недела, и е практично првиот чекор на Владата за сериозен пробив на земјата кон евроатлантските интеграции, по долгогодишниот застој во овие области, истакнуваат од СЕП.
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани