Планинарите од Делчево и Берово ги искачија Петлец и Кадиица
Во два одделни планинарски маршеви, денеска планинари од Делчево и Берово ги искачија врвовите Петлец кај село Русиново и Кадиица кај Пехчево. Првиот планинарски марш до врвот Петлец, како што информираше претседателот на ПСК „Голак“ од Делчево се реализирал на барање на планинари од Бугарија.
– За планинарскиот марш до врвот Петлец имавме гости од Бугарија кои по лична иницијатива сакаа да се искачат до овој врв. Маршот до Петлец се одвиваше со почетна точка од сло Русиново со спомен плочата каде загинал македонскиот револуционер Даме Груев, по што се вративме назад во Русиново. Временските услови беа доста поволни и сите планинари без проблем ја реализираа планинарската маршрута, рече Чучуковски.
Во рамки на вториот марш до врвот Кадиица, учествувале 20 планинари, членови на Планинарскиот спортски клуб „Сосна“ од Берово, кои планинарската маршрута ја реализирале без посериозни потешкотии.
Ново на Сител
-
ЦУК: 7-годишно дете, две жени и маж спасени со чамец од Пчиња
-
Средба за соработка помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ
-
Бислимовски: Работиме на продолжување на евтината тарифа на струјата за уште еден час
-
Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско - струшки регион
-
Макрон ја започнува тридневната посета на Германија
-
Илјадници Израелци протестираа во Тел Авив барајќи враќање на заложниците од Газа
-
Сообраќајот непречено, по претежно влажни коловози
-
Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи