Планинари достигнаа 7.577 метри на Хималаите со падобран
Ветераните на параглајдерството, Том де Дорлодот и Хорасио Лоренс лани летото го минаа во Пакистан, но и станаа првите луѓе кои со падобран се спуштиле на К2, втората највисока планина во светот, притоа достигнувајќи висина од 7.577 метри.
По тој нивен подвиг е снимен документарен филм со наслов „Летање меѓу џиновите“ (Flying Between Giants). И двајцата спортисти имаат неколку незаборавни летови во своите кариери, но нивната последна авантура е можеби најнеобична досега. Тие се првите кои со падобрани се искачиле на планината К2 на Хималаите. Снимките ги направиле сами, без поддршка од хеликоптер и камери поради големите височини на коишто летале.
Планината К2 (8.611 м) е втора највисока во светот по Монт Еверест (8.848 м). И двете е дел од планинската верига Каракорум. Документарецот почнува со нивното напорно патување до базниот камп во Пају преку градовите Скарду и Аскола – последните „траги на цивилизацијата“ пред глечерот Балторо.
Каракорум се одликува по тоа што може да се лета и повеќе од 100 километри на ден без никаква можност за безбедно слетување. Затоа авантуристите морале прецизно да планираат и да го следат времето пред летот. Тие летале заедно цело време, а секој со себе носел камери, дополнителен кислород, радиоврска и ГПС-уред за сателитско следење за скоро целосна безбедност. Тоа значи 20 килограми дополнителен товар на себе.
Во првите три недели, тие биле придружувани од менторот, Шпанецот Рамон Мориљас, кој во 2009 година достигна височина од 7.821 м летајќи со тн. парамотор. На последниот ден, Де Дорлодот и Лоренс го презеле последното, седумчасовно патување што го нарекоа „Грен слем“, а при кое ги посетиле планините Транго Тауерс, Музтаг Тауер, К2, Броуд Пик и Гашербрум.
Ново на Сител
-
УХМР: Попладне утре наместа нестабилно, многу топло во среда и четврток, посвежо и ветровито в петок
-
1711 сообраќајни прекршоци изминатиов викенд, најмногу за брзо возење
-
Малолетник од Куманово затекнат при обид да запали кабли
-
Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња
-
Мицкоски: Не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, а не на партиски книшки
-
Тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол се приведени
-
Најмалку 37 загинати во вооружени судири меѓу Друзи и бедуини во сирискиот град Сведа
-
Зголемен бројот на странски турсити, намален на домашните