-->
-->
Плакиотакис: Спречени над 4.500 лица да се качат на брод поради недостиг на документи за Ковид-19
-->
– Над 4.500 лица биле спречени да се качат на брод кон нивната дестинација од атинското пристаниште Пиреас, поради недостиг или нецелосни документи за Ковид-19, соопшти министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
За патување со брод кон островите задолжителен е сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен резултат од ПЦР или рапид тест, а контролите ги врши крајбрежната служба на Грција.
-Контролите на припадниците на крајбрежната служба се целосни и се извршуваат брзо и ефективно. Во изминатата седмица, за жал не им беше дозволено да се качат на брод на над 4.500 лица, рече Плакиотакис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари