Плачев додека го читав сценариото за последната епизода од „Игра на престолите“
Популарниот актер Кит Харингтон изјави дека заплакал додека го читал сценариото за последната епизода од серијата „Игра на престолите“.
Харингтон кој го толкува ликот на Џон Сноу истакна дека знае како ќе заврши популарната серија.
- Плачев на крајот. Мора да имате обзир дека по осум години актерите се најзасегнати од серијата, Станува збор за институција постара од која било институција на која му припаѓав до сега: училиште, секција во училиште или што било друго, посочи Харингтон.
Тој додаде дека не се чувствува добро кога ќе се сети дека серијата набрзо ќе заврши.
- Би било многу чудно да се опростам од сите. Не само што сме поврзани со нашите колеги и серијата, туку многу луѓе во светот за овие години ја засакаа серијата „Игрса на престолите“, наведе Харингтон.
Тој посочи и дека со нетрпение очекува нови проекти, при тоа најави дека сака да се обиде и како продуцент.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец