-->
-->
Пјонгјанг се согласи преговорите со Сеул да почнат следната недела
-->
Севернокорејските власти денеска се согласија преговорите со Јужна Кореја да затпочнат на 9 јануари.
Одговорот доаѓа откако Јужна Кореја побара продолжување на преговорите, кои треба да се одржат во демилитаризираната зона меѓу двете држави.
Една од темите на разговорите ќе биде можноста спортисти од Северна Кореја да учествуваат на Зимските олимписки игри. што ќер се одржат следниот месец во јужнокорејското место Пјеонгчанг.
Двете земји неделава воспоставија и директна комуникациска врска во пресрет на преговорите.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави најавата за отпочнување на преговори меѓу двете Кореи и потенцираше дека тоа е резултат на „неговиот интензивен притисок“ врз властите на Северна Кореја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано