Писториус: Можно е Русија во 2029 - 2030 година да нападне земја-членка на НАТО
– Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус вчера изјави дека постои теоретска можност Русија да се обиде да нападна земја-членка на НАТО во периодот 2029 – 2030 година.
– Воените експерти многу внимателно ги следат случувањата во Русија.
Воената индустрија таму значително се развива, се произведуваат многу тенкови и авиони, што значи дека значително растат руските вооружени сили.
До 2026 година нивниот број веројатно ќе се зголеми на 1,5 милиони војници, изјави Писториус при посетата на Литванија.
Тој додаде дека воените експерти веруваат оти рускиот претседател Владимир Путин би можел теоретски да ги реорганизира своите вооружени сили во 2029-2030 година за да создаде поволни услови за напад на други земји, особено на земјите од НАТО.
Затоа треба да ја обезбедиме нашата одбранбена способност до овој момент. Оваа задача, се разбира, бара и време и пари, но ние се стремиме кон таа цел, нагласи Писториус.
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес