Бараме да не го давате она што е макотрпно и со големи жртви создадено, бидејќи историјата во иднина нема вас да ве суди, туку ние сега ќе ве судиме. Застанете зад македонските интереси, престанете да давате отстапки за туѓи интереси и престанете да примате совети од странски тутори кои не ја почитуваат нашата државност со тоа што се мешаат во внатрешното уредување на државата. Ние не можеме повеќе да трпиме и молчиме кога ни се посега по нашиот идентитет. Дијаспората од вас бара зрелост и одлучност, а најмногу водечка улога во зачувување на нашата државност и нација“, пишува претседателот на друштвото Душан Ристевски, а пренесува МКД.мк.
Писмо до Иванов, Груевски и Заев: Оној кој е против државноста на Македонија нема право да живее во државата
Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во отворното писмо до претседателот на државата Ѓорге Ивано и до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, ја изразува загриженоста за иднината на Македонија.
Македонците се огорчени од несовесното однесување на македонските политички партии кои се обземени од политичкото слепило и личните интереси и си играат со македонските национални интереси со цел да се уништи македонскиот јазик и самата држава, се вели во писмото кое го пренесува МКД.мк.
-Оние партии, а посебно албанските, кои се стремат кон некаква федерализација имаат само една цел, да ја уништат македонската државност и нација. Мора еднаш засекогаш да им се стави крај на попуштањата и договарањата кои се на наша штета. Доколку жителите во Македонија кои се од друга националност не покажат лојалност и се стремат да ја уништат македонската држава, тогаш истите треба под итно да ја напуштат Републиката, да се вратат во своите матични земји каде нивните национални права се веќе загарантирани. Едноставно, оној кој работи против македонската државност не треба да има право да живее во Република Македонија. Рамковиот договор, како и менувањето на македонското знаме и прифаќање на привремено име имаа цел да им се оствари сонот на соседите, а најжалосно е тоа што сега повторно се поставува ултиматум за менување на химната и Уставот. Некои македонски политичари си ја продаваат душата само да дојдат на власт.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен