-->
-->
Пињера води по првиот круг претседателски избори во Чиле
-->
Во првиот круг на претседателските избори во Чиле, што се одржаа вчера убедливо води конзервативниот кандидат и поранешен претседател Себастијан Пињера.
Пињера, сепак, не успеа да го победи противкандидатот Алехандро Гилиер уште во првиот круг.
Според првичните резултати, Пињера, кој е влијателен бизнисмен во банкарството и авиосообраќајот, освоил 37 проценти од гласовите.
Неговиор главен противкандидат, социјалдемократот Гилиер освои 23 отсто од гласовите.
За победа во првиот круг беа потребни повеќе од 50 проценти од гласовите.
Вториот круг на изборите во кој ќе се соочат Пињера и Гилиер ќе се одржи на 17 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги