Пингвин доби име Боуви
Минијатурниот пингвин роден на 8 јануари во зоолошката градина во Синсинати го доби името Боуви, по легендарниот уметник кој почина во понеделникот.
- Боуви е првото бебе кое дојде на свет оваа година во зоолошката градина во Синсинати, објави управата на Инстаграм со фотографија од преслатката птицa.
Пингвинчето дошло на свет на 8 јануари, на 69-от роденден на Дејвид Боуви, именувано е по него на истиот ден.
Бидејќи, за жал, познатиот пејач почина три дена подоцна, „се доби уште поголема смисла", велат од Зоолошката градина.
Минијатурните пингвини живеат на бреговите на Австралија и Нов Зеланд и се најмалите видови пингвини.
Кога ќе созреат, достигнуваат висина од 30 сантиметри.
Боуви, кој е стар само неколку дена, во моментот на неговите негуватели им легнува на дланката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?