-->
-->
Пинг понг: Титулите за К.Паланка и Крушево
-->
Во Куманово во организација на ППК Куманово и под покровителство на ППФМ во спортската сала на гимназијата Гоце Делчев се одржа 28-то републичко првенство во екипна конкуренција за кадети.
На првенството учествуваа десет екипи во конкуренција на кадети и шест екипи во конкуренција на кадетки.
Најуспешна екипа кај кадетите беше екипата на ППК Крива Паланка совладувајќи ја екипата на ППК Астраион Мега Спин од Струмица, со 3:1 во финалето.
Со бронзени медали се закитија екипите на ППК Топспин Плус од Скопје кои во полуфиналето беа поразени од шампионот Крива Паланка со 3:1, и екипата на ППК Винспин од Виница кои полуфиналето го загубија од Астраион Мега Спин со 3:2
Пласман Кадети
1. ППК Крива Паланка
2. ППК Астраион Мега Спин
3. ППК Топспин Плус, ППК Винспин
Кај кадетките на златниот медал му се радуваше екипата на ППК Крушево, чии што натпреварувачки оваа сезона бележат одлични резултати и во поединечна конкуренција.
Крушевчанки во финалето ја совладаа екипата на ППК Крива Паланка со 3:1
Полуфиналисти беа екипите на ППК Берово, поразени од ППК Крива Паланка со 3:1 и ППК Струмица поразени од ППК Крушево со 3:0
Пласман Кадетки
1. ППК Крушево
2. ППК Крива Паланка
3. ППК Берово, ППК Струмица
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.