Пилот херој: Приземјил авион полн со патници по експлозија на трупот!
Пилотот Владимир Водопивец (64) од Белград стана херој бидејќи утрово успеа безбедно да го приземји авионот на кој експлозијата му разнела дел од трупот. Владимир и покрај големата оштетеност на авионот успеал да ги спаси сите 74 патници и да го спушти леталото на аеродромот во Сомалија.
Светските медиуми оценуваат дека пилотот го напаравил „ невозможното“ бидејќи инцидентот минал без жртви, а повредени се само тројца патници.
- Половина час откако полетавме од аердромот во Сомалија, на 3.300 метри висина се слушна страшна експлозија. Патниците почнаа да викаат, а јас веднаш се вратив на аеродром. За среќа, никој не е тешко повреден, раскажува Владимир.
Медиумите пишуваат дека бомбата најверојатно ја внел некој од патниците, а на тоа покажува и истрагата.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот